Становите ќе поевтинат до 15 отсто

Bez autora
Aug 26 2013

„Цените на становите наскоро ќе паднат за 15 отсто“, изјавил Цветко Грозданов, директор на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, за порталот „еВести“. Според него, приватниците сега одат со маржи повисоки од 30 отсто. „Просечната цена по квадратен метар станбена површина, зборувам за градежна, а не за продажна, изнесува од 370 па се' до 450 евра за квадратен метар, но сепак тоа е условено и од типот на градбата. На пример, не е исто градба на колективна станбена зграда која е на 5 ката и зграда на 15 ката, а има разлика и во квалитетот на вградениот материјал. Доколку станува збор за луксузни станови, сигурно дека и цената ќе биде повисока. Кога на оваа цена ќе се додаде пазарната цена на земјиштето, комуналиите како и останатите трошоци, цената просечно би требало да се движи во рамките на цените кои ние како Акционерско друштво ги нудиме“, вели Грозданов...

Становите ќе поевтинат до 15 отсто„Цените на становите наскоро ќе паднат за 15 отсто“, изјавил Цветко Грозданов, директор на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, за порталот „еВести“. Според него, приватниците сега одат со маржи повисоки од 30 отсто.

„Просечната цена по квадратен метар станбена површина, зборувам за градежна, а не за продажна, изнесува од 370 па се' до 450 евра за квадратен метар, но сепак тоа е условено и од типот на градбата. На пример, не е исто градба на колективна станбена зграда која е на 5 ката и зграда на 15 ката, а има разлика и во квалитетот на вградениот материјал. Доколку станува збор за луксузни станови, сигурно дека и цената ќе биде повисока. Кога на оваа цена ќе се додаде пазарната цена на земјиштето, комуналиите како и останатите трошоци, цената просечно би требало да се движи во рамките на цените кои ние како Акционерско друштво ги нудиме“, вели Грозданов.

Во однос на идните трендови на цените на становите, Грозданов вели дека тие допрва ќе поевтинуваат. „Во иднина се очекува продажните цени да забележат пад од 10 до 15 проценти од оние кои ги има денеска на пазарот. Доколку се гасифицираат фабриките кои произведуваат градежни материјали, или превозот биде на метан и ако на пример се користат други евтини енергенси, треба да се очекува пад и на цените на градежните материјали“, вели тој.

И во кварталниот извештај на Народна банка на Македонија за јули беше посочено дека цените на становите имаат надолна тенденција, додека расте понудата на станови.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik